Заштитни механизми

МВР на РМ 

Каков било акт на насилство пријавете го во ограните на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија на телефонот 192 или во најблиската полициска станица.  За пријавување на какви било сознанија или доколку сте жртва на дело  од областа на криминал од омраза, злоупотреба на деца и повикување на насилство, исто така можете да пријавите и преку апликацијата “Црвено копче” на http://redbutton.mvr.gov.mk/.

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Доколку сметате дека со своето постапување работник во Министерството Ви ги повредил Вашите слободи и права имате право да поднесете претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди со цел  заштита и остварување на своите права . За извршената проверка на наводите во претставката Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката  во писмена форма треба да Ве извести за утврдената состојба и преземените мерки.

Основно Јавно Обвинителство

Доколку сакате да иницирате кривична постапка против сторителот на насилството поднесете, кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство. Основното Јавно Обвинителство може да ги гони сторителите само за дела кои се гонат по службена должност. Податоците на Основното Јавно Обвинителство кое има надлежност во вашата област/град може да го најдете на следниот линк http://jorm.gov.mk/?cat=55.

Комисија за заштита од дискриминација

Во Комисијата за заштита од дискриминација може да пријавите доколку сте жртва на дискриминаторско однесување и постапување од страна на било кој од државни органи, органи на единиците на локална самоуправа, правни лица со јавни овласувања и правни и физички лица во областа на:

1.     Работните односи

2.     Образованието, науката и спортот

3.     Социјалан сигурност

4.     Правосудство и управа

5.     Домување

6.     Јавно информирање и медиуми

7.     Пристап до добра и услуги

8.     Членување и дејствување во синдикални, политички партии, здруженија на граѓани и фондации и други организации зсасновани на членство

9.     Култура

Рокот за пријавување е три месеци од денот кога била сторена повредата или најдоцна една година од дознавањето за актот на дискриминација. Комисијата има обврска да даде мислење и препораки во рок од 90 дена од поднесувањето на претставката.

Контакт

Адреса:         Кеј Димитар Влахов бб, зграда на МРТВ, 20 спрат, 
1000 Скопје
Република Македонија 
Телефон:  +389 2 323 2242

http://www.kzd.mk/mk/
contact@kzd.mk

Народен правобранител

Помош и интервенција од Народниот правобранител може да побарате кога сметате дека некое Ваше уставно и законско право Ви е повредено со акти или дејства на органи на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања. Постапката пред Народниот правобранител се иницира со поднесување претставка (поплака, жалба) која може да се достави лично во канцеларијата на Народниот правобранител, по пошта, усно на записник кај народниот правобранител, по телефакс или по електронска пошта. Право на поднесување на претставка имате во рок од 1 година од дејствието или приемот на актот. Народниот Правобранител има рок да одговори во рок од 15 дена од прием на претставката.

Контакт

Адреса:         ул. „Димитрие Чупоски” бр.2(зграда на ГП „Пелагонија”)
Телефон: +389 2 3129 335
http://ombudsman.mk/ 
contact@ombudsman.mk 


Центар за социјална работа

Доколку сте жртва на семејно насилство или имате сознание дека некое лице е жртва на семејно насилство веднаш пријавете во Центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека над лице е сторено семејно насилство, сам или на барање на лицето или член на неговото семејство презема мерки на заштита на жртвата на семејно насилство. Центарот за социјална работа е должен да започне постапка веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од добиеното сознание да преземе мерки за заштита на жртвата.

Контакт на подрачните одделенија на центрите за социјална работа можете да го најдете на следниот линкhttp://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/podracni.pdf.